Одењето со чаша вода полна до горе е крајно несигурно, но преминувањето на истото растојание додека се носи макијато или пиво е многу полесно.
Научниците од Универзитетот „Принстон“ мислат дека сфатиле зошто е така - пената на површината го спречува излевањето.
За да ја проверат оваа хипотеза, истражувачите создале слоеви од меурчиња така што вшприцале воздух во вода, глицерин и во раствор на течност за миење садови. Кога ги поместиле садовите полни со течности со пена на начин на кој инаку би имало излевање (брзо од една на друга страна и напред-назад), меурчињата го забавувале движењето на
течноста.
Со оглед на тоа дека излевањето е ризично во ситуации кога се превезуваат опасни течни материи како нафта, додавањето пена би можело да го направи побезбеден тој вид транспорт.