Учениците од основното училиште „Сунита Вилијамс“ во американската сојузна држава Масачусетс добија можност за онлајн разговор со астронаутката чие име го носи училиштето.
Една од ученичките праша дали е тешко да се пие течност во вселената, па Вилијамс покажа како се прави тоа.
Таа и нејзиниот колега Бери Буч Вилмор престојуваат во вселената веќе шест месеци. Ова се првите астронаути што патуваат со новата капсула „Старлајнер“ на „Боинг“.
Пробниот лет, кој требаше да трае една недела, се претвори во повеќемесечно патување, а враќањето беше одложено за март поради проблеми со капсулата.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC