X
 02.12.2019 Живот

Бела токсична пена прекри една од најпознатите плажи во Индија

Бела пена прекрива една од најпознатите плажи во Индија, четврти ден по ред, создавајќи нова опасност од загадување, јавија западни медиуми.

Деца си играат и прават селфи со пената на плажата Марина и покрај тоа што таа има остра миризба и на рибарите им е кажано да не влегуваат во морето во нејзина близина. Лекарите предупредуваат дека пената може да предизвика проблеми со кожата.

Според локалните медиуми, таа се формира секоја сезона на монсуните, но оваа година е особено опасна.

Советот за контрола на загадувањето во државата Тамил Наду соопшти дека се анализираат примероци од пената што е распространета неколку километри на плажата.


Дел од научниците тврдат дека најголем дел од пената е од средства за миење садови што се мешаат со други отпадоци. Само 40 отсто од канализацијата во Ченај и други големи градови имаат правилно пречистување.

- Останатото се влева во морето - вели научникот Правакар Мишра.

Пред два дена доброволци имаа акција за чистење на плажата во Ченај. За два часа собраа речиси еден тон пластика и други отпадоци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот