X
 18.11.2022 Живот

Зошто се забранува внесување течности над 100 мл во авион?

Според прописите, во авионите низ светот се дозволува внесување на само 100 мл течност во рачниот багаж.

Ограничувањето на течностите што можете да ги внесете во авион е воспоставено во 2006 година откако британската полиција открила терористички план кој вклучувал палење течен експлозив кој се наоѓал во седум патнички авиони што патувале од Велика Британија до САД и Канада.

Британец од Бирмингем по име Ахмед Али посредувал во поврзувањето на креаторите на планот и Ал Каеда. Во неговиот багаж полицијата открила безалкохолен пијалак во прав и многу батерии. Подоцна било откриено дека терористите планирале да направат бомба од шишињата со пијалакот, која требало да ја детонираат за време на летањето.

Набргу било воведено ограничувањето за носење течности во рачен багаж со исклучоци како детска храна. Одреден период воопшто не се дозволувале течности во авион, а подоцна било ставено ограничување од 100 милилитри. Денес постојат исклучоци за ова правило, како лекови за рецепт, бебешка храна и течности кои се неопходни за живот.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот