Подводни автопатишта, спортови со ховерборди и годишни одмори во вселената се само некои од работите што ќе станат секојдневие за 50 години, покажува извештајот за иднината на технологијата кој компанијата „Самсунг“ го нарача по повод отворањето на новата продавница во Лондон.
Група британски академици и футуролози исто така предвидуваат масовно производство на органи со 3Д-печатачи, импланти за следење на човековата здравствена состојба и куќи што сами се чистат.
Извештајот предвидува дека сообраќајот во Европа и во другите области од 2060 година ќе се одвива под вода, преку тунели низ кои ќе се движат супербрзи капсули.
Фото: Buka
Кога станува збор за здравјето, виртуелните придружници и медицински сестри ќе станат вообичаена појава. Тие ќе ја следат здравствената состојба на човекот во текот на животот и ќе ги преведуваат симптомите и болестите на сите
јазици.
Масовното печатење на виталните органи со помош на 3Д-печатачи ќе гарантира замена кога ќе биде потребно, а инсектите ќе станат главен извор на протеини.