Астрофотографот Мигел Кларо успеал да направи фотографија која ја открива сончевата хромосфера снимена на посебен ден, кога најтешката геомагнента бура во последните 20 години предизвика широко распространета поларна светлина, позната и како аурора бореалис речиси низ целиот свет.
Фотографијата била направена на 10 мај 2024 година во Португалија, а таа не само што ја прикажува хромосферата во движење, туку и џиновската сончева дамка наречена АR3664 која била неверојатно активна, ослободувајќи неколку ерупции истиот ден.
Фото: Miguel Caro
Видеото подолу покажува една од овие помали ерупции неколку часа пред масивната геомагнетна бура што ги предизвика аурорите.
Извор:
Space.com
Фото: Miguel Caro