X
 06.04.2022 Живот

Ја снимил вселенската прошетка на астронаутите на Меѓународната вселенска станица од својот двор

Меѓународната вселенска станица е во центарот на многу фотоприказни. Имаше прекрасни фотографии направени од таму, а понекогаш и самата вселенска станица била дел од композицијата направена од Земјата.

Д-р Себастијан Волтомер го насочи својот телескоп на повеќе од 400 километри од небото снимајќи ја Меѓународната вселенска станица во реално време. И не само што успеа да ја фати вселенската станица, туку успеа и да ја сними вселенската прошетка на астронаутите што се одвиваше додека неговиот телескоп беше насочен нагоре.

Себастијан е астрофотограф, кинематографер и музичар, доктор по теорија на медиуми (научна фотографија). Овие фотографии и видеа ги направил веднаш по зајдисонце кога условите биле најдобри.

- Резолуцијата на сликите покажува детали од околу 20 сантиметри. Може јасно да се види закачената капсула „Спејс екс драгон“, со која сегашниот персонал лета до Меѓународната вселенска станица. Во моментот кога Себастијан ги правел фотографиите, астронаутот Матијас Маурер се качувал на вселенската станица. А она што целосно ја заокружува приказната е дека видеото и фотографиите се снимени од родниот град на Маурер во Германија.

vselena
Фото: Dr. Sebastian Voltmer | www.apollo-13.eu | www.voltmer.photo

Фотографијата на Себастијан стана популарна и вирална, но потоа некој интернет-корисник укажа на факт што ја прави уште поинтересна. Освен Матијас Маурер, на фотографијата може да се забележи и астронаутот Раџа Чари, на роботската рака „Канадарм 2“.

Астронаутите изгледаат мали кога ќе ги погледнете фотографиите. Но, Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата на просечна височина од 408 километри. Тоа е многу ако сакате да видите човек на небото од вашиот двор, дури и со телескоп. Себастијан е првиот што фатил не само еден, туку двајца астронаути додека биле на вселенска прошетка.



Извор: Diyphotogrpahy.net
Фото: Dr. Sebastian Voltmer | www.apollo-13.eu | www.voltmer.photo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот