X
 14.03.2017 Култура

Најскапата библиотека во светот - 100 евра за четири часа читање

Таписерии, кожни фотелји, свеќници, дрвена резба и фигури од апостоли се составен дел од амбиентот на новоизградената библиотека во Санкт Петербург, инспирирана од готската уметност.

biblioteka
Фото извор: capellabook.ru 

Библиотеката се води според мотото на Хорхе Луис Брохес: „Рајот отсекогаш го замислував како библиотека“. Сепак, „рајот“ не е бесплатен, па за да уживате во него ќе треба да платите влезница од околу 100 евра за четири часа читање.

„100 евра за посета не се малку, меѓутоа е далеку поевтино од влезници за опера или балет. Луѓето не се изненадени од цената, туку од тоа дека се плаќа за влез во библиотека“, вели Ирина Котешова, директор на проектот.

Годишната членарина е 3.700 евра, а доживотната членарина е околу 80.700 евра. Иако ова не е единствената библиотека која наплатува влез, таа секако е најскапа.

Во библиотеката се наоѓаат 5.000 книги, а сите се дела од издавачката куќа „Alfaret“, која всушност е сопственик на библиотеката.

Одделните книги чинат помеѓу 500 и 800 евра, а првите изданија се помеѓу 16 и 19 век. Тие се изложени во тематски простории „Книги за војната“ или „Книги за патувањата“. Некои од најскапите предмети се рачно цртани мапи на главните области на Руската империја во периодот од 1760-те години и комплетната верзија на списанието „Niva“.

najskapa
Фото извор: capellabook.ru 

Котешова истакнува дека во библиотеката воглавно доаѓаат колекционери на книги, историчари и научници како и деловни луѓе кои на тивко место сакаат да одржат состанок.

„Book Capella“ не е библиотека во традиционална смисла, ниту музеј, иако има елементи на музеј. Не може да се нарече ниту книжарници, иако може да се купи книга. Ова е нов начин за комуникација со ретките книги“, додава Ирина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура