X
 22.11.2015 Технологија

На кој начин Путин ги следи воените операции на руските војници?

Владимир Путин оваа недела ја откри најновата зграда на руското Министерство за одбрана, Националниот контролен центар за одбрана. Оваа мегаломанска зграда, се протега на неколку спрата и е опремена со најсовремената воена технологија.

 

1


Центарот бил создаден после официјалната потврда дека рускиот авион во кој 224 лица загинаа, бил рушен од терористички напад.

Оваа зграда е дизајнирана како референтен центар за координација на сите идни руски воени операции Зградата се наоѓа на левиот брег на реката Москва и е оддалечена од Црвениот плоштад околу 3 километри.

 

2

3


Проектот е дел од масивниот десетгодишен план на модернизација на руската војска. Изградбата на овој центар чинела околу 100 милијарди долари, а центарот е веќе искористен како дел од операциите во Крим, како и во неодамнешните руски воздушни напади во Сирија.

Воената соба на Путин е руски екваивалтен на Воениот центар на американската војска во Пентагон.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, изјави дека овој центар е чекор кон „формирање на единствен информациски простор за решавање на задачи во интерес на националната одбрана“. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија