Руските работници беа принудени да ја учат уметноста на смеењето за да изгледаат погостопримливи пред 1,5 милион туристи што се очекува да ја посетат Москва оваа недела поради почетокот на Светското првенство во фудбал.
Некои работници во услужната дејност, како вработените во метрото, мораа да одат на интензивни курсеви по смеење, како да бидат поучтиви и како да даваат насоки до популарни туристички атракции.
- Сакаме да привлечеме повеќе странски туристи, тоа е добро за нашата економија. Само сакаме да ја покажеме убавината на Москва и на московското подземје - истакна Евгенија Заборскаја, која држи дел од тренинзите.
Русите се познати како луѓе што не се смеат. Тоа може да изгледа толку чудно, што може да ве доведе во ситуација да бидете испрашувани од полицијата. Тоа ѝ се случило на Јулија Меламед, руска режисерка.
- Ми рече „затоа што се смееше“. Бидејќи е чудно некој да оди по улица и да се смее. Изгледаше сомнително - вели таа.
Ладниот стоицизам може да остави впечаток кај посетителите.
- Кога туристи доаѓаат во Русија, тие мислат дека Русите не се пријателски настроени. Затоа, треба да ги научиме како да се смеат. Треба да го промениме нивното однесување - вели психологот Елнара Мустафина.
Зошто имаат несреќен израз на лицето?
Едно објаснување е нивото на „избегнување несигурност“, психолошки концепт кој ја опишува толеранцијата на една култура кон несигурноста и двосмисленоста. Како што наведува Олга Казан, генералната идеја е дека како што општествата стануваат понестабилни или корумпирани, така е потешко да се дешифрираат вистинските намери на луѓето. Затоа, во нестабилните општества смеењето може да се сфати како знак на гостопримливост, лицемерие или простотилак.
Студиите што го тестирале овој феномен покажуваат дека луѓето од некои земји, како Иран, Индија, Русија, е поверојатно да ги оценат странците што се смеат како помалку интелигентни. Резултатите се сумирани во една руска поговорка: Смеењето без причина е знак на глупавост.
Фото: Pixabay
Има и друго објаснување. Милиони луѓе загинале во поранешниот Советски Сојуз во војни, во логорите на Гулаг, од глад или други причини, па смеењето на Црвениот плоштад сигурно изгледало како луд, па дури и опасен чин во најлошите години.
Во 1990 година „Мекдоналдс“ го отвора својот прв ресторан во Русија и воведува чудна нова филозофија на услужување: учтивост и смеење. Извезената среќа од „Мекдоналдс“ изгледа дека направила промена во услужната индустрија во Русија. Според извештајот за смеење од 2016 година, Русија е на десеттото место и таму околу 90 отсто од вработените во малопродажба се насмеани. На оваа листа САД се најдоа на 19.
место.