X
 03.10.2018 Наука

Тројца научници добија Нобелова награда за хемија

Научниците Френсис Арнолд, Џорџ Смит и Грегори Винтер ја освоија Нобеловата награда за хемија за 2018 година за истражување на користењето насочена еволуција во производство на ензими за нови хемикалии и лекови, соопшти денеска шведската Кралска академија на науки.

- Годинава нобеловите лауреати од областа на хемијата беа инспирирани од силата на еволуцијата и ги користеа истите принципи - генски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото - се наведува во образложението на Кралската академија.

Тројцата научници ќе добијат девет милиони шведски круни, односно милион американски долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука