X
 09.10.2015 Култура

Нобеловата награда за литература ја доби Светлана Алексиевич

литература 

 

Белоруската новинарка и писателка Светлана Алексиевич е овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература.


Родена во Украина, Светлана потекнува од белоруско село. Од 1976 година па се` до денес таа има објавено многу книги, репортажи и есеи, а меѓу нејзините најдобри книги се „Чернобил-хроника на иднината“, „Војната нема женско лице“ итн.

„Ова не е награда за мене, туку за нашата култура, за нашата мала земја, која е фатена во мелницата низ историјата. Во ова време, тешко е да се биде чесен човек. Нема потреба човек да се предаде на компромисот на кој секогаш смета тоталитарниот режим“, изјави таа.

Од академијата велат дека наградата ја добива поради нејзиното полифонично пишување, што претставува споменик на страдањата и храброста на нашето време.

На 10 декември во Стокхолм ќе ѝ биде врачена Нобеловата награда, и износот од 8 милиони шведски круни, токму на годишнината од смртта на основачот на наградата, Алфред Нобел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура