X
 03.12.2019 Живот

Оваа земја ги има најбезбедните патишта во светот

Само два смртни случаи во сообраќајка на 100.000 жители биле забележани во Норвешка во 2019 година, со што оваа скандинавска земја се најде на првото место како земја со најбезбедни патишта.

За споредба, ризикот за смртни случаи во сообраќајна несреќа бил шестпати поголем во Аргентина отколку во Норвешка.

Ова се некои од наодите од Годишниот извештај за безбедност на патиштата за 2019 година, објавен минатиот месец од Парискиот меѓународен форум за транспорт, меѓувладина организација со 60 земји-членки во рамките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Исто така, Норвешка имаше најниска стапка на смртност по регистрирани возила во 2018 година. Нејзиниот успех е особено извонреден, се вели во извештајот, бидејќи патиштата на земјата се меѓу најбезбедните во светот.

Резултатите од извештајот се засновани на 2018 година или на најновите податоци за сообраќајни несреќи, собрани од Меѓународната група за податоци и анализа на сообраќајот, што дава преглед на перформансите за безбедност на патиштата на 41 земја.

norveska

Севкупно, бројот на смртни случаи се намали во поголемиот дел од земјите во 2018 година, а се зголемил во 10 земји. Три земји - Португалија, Литванија и Данска забележале намалување на смртните случаи од над 30 отсто од 2017 до 2018 година. Во просек бројот на загинати се намалил за 1,7 отсто во 2018 година во споредба со 2017 година.

- Неколку земји што постигнаа релативно големо намалување на почетокот на деценијата се чини дека се борат со понатамошното намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи - изјави Фред Вегман, претседател на Меѓународната група за податоци и анализа на сообраќајот.

На пример, бројот на жртви на патиштата се зголемил за 28 отсто во Шведска и за 11 отсто во Холандија, се вели во најновиот извештај.

Вегман вели дека и покрај напредокот во целост, постојат предизвици, особено со појавата на новите форми на мобилност што покренуваат нови проблеми во однос на планирањето на транспортот и управувањето со безбедноста.

Други најважни делови од извештајот за 2019 година:

- Безбедноста на велосипедистите покажа загрижувачки тренд во неколку земји;

- Бројот на млади луѓе на возраст од 18 до 24 години што биле жртви во сообраќајни несреќи се намалил помеѓу 2010 и 2017 година;

- Повеќето жртви починале на руралните патишта, но јазот се намалува како што се зголемуваат смртните случаи во урбаните области;

- Примената на сообраќајните закони е намалена во неколку земји, што веројатно ќе го охрабри опасното однесување во возењето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот