Мајкрософт лансира нова апликација за паметни телефони која ја користи силата на вештачка интелигенција за да им помогне на слепите да го „видат“ светот околу себе.
Фото: pixabay
Апликацијата Seeing AI ги препознава предметите и им ги опишува на луѓето со оштетен вид.
Доволно е да се инсталира апликацијата, да се вклучи камерата, а вештачката интелигенција ќе препознае што има на екранот и тоа ќе му го опише на корисникот. Истата може да препознае и луѓе и нивните чувства.
Најдобро е тоа што за употреба на оваа апликација не е потребна врска со интернет. Истата е примарно направена за американски пазар, овозможени е и препознавање на производи преку скенирање на бар кодови, но и препознавање на американските пари.
Токму препознавањето на парите е истакнато како најважен аспект затоа што американските долари се со иста величина и боја без разлика на вредноста, што им го оневозможува препознавањето на оние со слаб вид и слепите.
Освен тоа апликацијата може да скенира и чита документи, што на целната група ѝ го олеснува снаоѓањето во ресторани или при прегледување на пошта или барање документи.
Таа е толку прилагодена што на слепите гласовно им наведува во која насока треба да ја поместат камерата за документот да биде до крај прочитан или саканиот предмет да биде идентификуван.
За жал не е познато дали Seeing AI функционира и на други јазици освен англиски и моментално е достапна само за иОС
уредите.