29.08.2019
Живот
Загина најбрзата жена на светот
Телевизиската презентерка и „најбрза жена во светот“, 30-годишната Џеси Комбс загина во несреќа во пустината Алворд додека се обидуваше да го урне сопствениот рекорд.
Деталите за несреќата не се познати. Сепак, според американските медиуми, 36-годишната Американка загинала обидувајќи се да го урне рекордот.
- Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на планетава. Таа беше еден од ретките сонувачи со храброст да ги претвори соништата во реалност и возеше побрзо од која било друга жена во историјата - објави нејзиното семејство.
Во септември 2013 година Комбс стана најбрзата жена на четири тркала во светот.
Тогаш таа достигна брзина од 631 км/час додека возеше автомобил на млазен погон - North American Eagle Supersonic Speed.
Извор: МИА