Нашето време на Земјата можеби е изброено. Впрочем, до крајот на овој век светското население би можело да се намалува, проценува Хенри Ги, палеонтолог и уредник на списанието „Нејчр“.
- Се сомневам дека населението не само што ќе се намали, туку ќе колабира, и тоа наскоро - напишал Ги во текст за „Сајентифик Американ“.
Според него, недостигот на генски варијации, загадувањето и стресот предизвикан од животот во пренаселени градови се рецепт за катастрофа.
Фото: Pixabay
- Најподмолната закана за човештвото е нешто што се нарекува „долг на изумирање“. Доаѓа време во напредокот на кој било вид, дури и оние што изгледаат како да напредуваат, кога исчезнувањето ќе биде неизбежно, без разлика што се прави за да се спречи - напишал Ги.
Тој додава дека најзагрозени видови се оние што доминираат во одредени живеалишта за сметка на други видови, кои најчесто мигрираат на друго место и затоа се послабо распространети. Луѓето ја окупираат горе-долу целата планета и доминираат на неа, напишал Ги. Според него, нашиот вид има поголеми шанси да исчезне.
- Знаците се таму за оние што се подготвени да ги видат. Вистинското прашање е: Колку брзо? - напишал Ги.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay