X
 05.05.2023 Живот

Какви последици имала нуклеарната катастрофа во Чернобил врз здравјето на луѓето од најзагрозените области?

Експлозијата на нуклеарниот реактор број 4 во централата во Чернобил во 1986 година го предизвика најголемото неконтролирано истекување на радиоактивни материјали во историјата на човештвото. Во таа прилика во атмосферата се испуштиле големи количества радиоактивен јод и цезиум, кои потоа со воздушни струи се распрснале над околните територии.

Во 2006 година, СЗО објави извештај во кој се сумирани 20 години истражување за последиците од несреќите врз здравјето на населението. Во меѓувреме, спроведени се некои нови истражувања, а ова се нивните главни заклучоци:

Рак на тироидната жлезда:
Во текот на изминатите 30 години, вниманието на СЗО беше насочено кон истражување на врската помеѓу овој тип на рак и изложеноста на радиоактивен материјал. СЗО ја фокусираше својата студија на ефектите од радијацијата врз децата и адолесцентите кои пиеле загадено млеко во најпогодените региони. Студијата заклучи дека од 2016 година, кај оваа популација се дијагностицирани повеќе од 11.000 случаи на рак на тироидната жлезда и дека инциденцата на болеста ќе продолжи да се зголемува со текот на времето.

Други видови на рак: СЗО истражуваше и документираше случаи на леукемија кај населението изложено на контаминација, проучувајќи ги случаите на вкупно 530.000 работници задолжени за чистење и поправка на реакторите кои примиле доза на зрачење од 20 до 5.000 милисиверти помеѓу 1986 и 1990 година. Ова го потврдува постоењето на врска помеѓу оваа болест и изложеноста на ниски дози на зрачење со текот на времето, но СЗО вели дека ќе бидат потребни поопсежни епидемиолошки студии за да се извлечат дефинитивни заклучоци за долгорочните ефекти.

Други болести: според СЗО, од објавувањето на извештајот во 2006 година, пронајдени се нови докази кои укажуваат на поврзаност помеѓу високите дози на зрачење и појавата на катаракта.

Психичко, социјално и ментално влијание: Потеклото на психосоцијалните ефекти е сложено и поврзано со различни фактори, вклучително и анксиозност поради страв од зрачење, промени во животниот стил (особено исхрана, алкохол и цигари), чувство на социјална исклученост и стрес поврзан со евакуација и преместување. Затоа, според истражувачите, тешко е да се процени кои психолошки проблеми се директно поврзани со зрачењето.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот