По речиси 25 години од премиерата на серијата „Луди седумдесетти“, излезе долго очекуваниот трејлер за продолжението на серијата наречено „Луди деведесетти“.
Ѕвездите од оригиналната серија повторно се собраа за да го снимат продолжението. Првата сезона од новата серија ќе има 10 епизоди, а приказната се одвива во 1995 година.
Серијата ја следи Леа Форман, ќерката на Ерик и Дона, која престојува кај нејзините баба и дедо Кити и Ред. Во трејлерот гледаме дека родителите на Ерик и понатаму живеат во својот дом во Висконсин.
Во серијата се појавуваат голем дел од познатите актери од „Луди седумдесетти“, како Тофер Грејс, Лора Препон, Ештон Качер, Мила Кунис и Вилмер Валдерама.
„Луди деведесетти“ ќе пристигне на „Нетфликс“ на 19 јануари.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter