X
 09.05.2019 Образование

Универзитет „вработил“ лабрадори за да им помoгнат на студентите да го намалат стресот

Персоналот на Универзитетот „Мидлсекс“ во Лондон се зголеми за пет преслатки лабрадори. Основната задача на новите „вработени“ е да им помогнат на студентите да го намалат стресот во текот на учењето и слушањето на предавањата, како и да ја подобрат благосостојбата на студентите.

За секое вработено куче е направена посебна идентификациска картичка, а директорката на универзитетскиот оддел за клинички способности, Фиона Садерс, вели дека сите кучиња се тренирани и сите поминале на процена на темпераментот.

- Навистина може да се почувствува дека нивото на стрес се намалува во просторијата каде што престојуваат кучињата. Кога почнавме со проектот, никој од нас не очекуваше дека ќе биде толку успешен - вели Садерс.

Петте лабрадори наскоро би требало да добијат и зајакнување - ќе бидат вработени уште три кучиња што ќе имаат иста задача.

Минатиот месец претседателот на Универзитетот во Бакингем, сер Ентони Селдон, ја поддржал идејата за вработување кучиња во образовните установи кои на учениците и на студентите би можеле да им помогнат да го надминат секојдневниот стрес.


Фото: ВВС

- Најбрзиот и најдобриот начин на кој можеме да го унапредиме менталното здравје во училиштата е во секоја образовна установа да вработиме барем по едно куче - заклучува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование