X
 25.01.2022 Образование

Стипендист на Фондацијата „Тома Фила“ од УКЛО започна стручно усовршување во Адвокатското друштво Димитровски во Битола

Добитникот на стипендијата „Тома Фила“, постдипломката од Правниот факултет при УКЛО, Христина Тоневска, остварува едногодишното стручно усовршување во Адвокатското друштво Димитровски во Битола.

Имено, во рамките на доделената стипендија, Фондацијата застапувана од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, склучи Договор со адвокатот Никола Димитровски со цел стипендистката Христина Тоневска да остварува едногодишно стручно усовршување и да биде ангажира како адвокатски приправник во канцеларијата на Адвокатското друштво Димитровски, почнувајќи од 13 јануари 2022 година.

Имено, во согласност Статутот на Фондацијата и врз основа на Известувањето од Адвокатската комора на Република Македонија, Адвокатска заедница Битола, во врска со Конкурсот за доделување стипендија „Тома Фила“ и Одлуката за избор на Христина Тоневска, на 13.01.2022 година се склучи Договор помеѓу Фондацијата, застапувана од директорот, проф. д-р Сашо Коруновски, и Адвокатското друштво Димитровски, со цел стипендистот Христина Тоневска да остварува едногодишното стручно усовршување кај ова адвокатско друштво.

тома фила

За оваа можност, стипендистката Христина Тоневска вели дека и претставува чест и задоволство да биде дел од успешната приказна на Фондацијата „Тома Фила“ и секако на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Како стипендистка на оваа фондација, би сакала да ја изразам мојата благодарност. Оваа стипендија за мене претставува признание на досега вложениот труд, како и поттик и мотивација за понатамошно учење, надградување и вложување во себе.

Стипендијата се доделува во период кој е многу неизвесен и значаен за секој студент. Тоа е периодот на завршување на студиите и моментот кога треба да почнеме да ја градиме нашата професионална кариера како правници или да се оддалечиме од професијата и да избереме поинаков пат.

Познато е дека во нашата професија периодот помеѓу дипломирањето и првото вработување е доста долг поради сите образовни филтри низ кои треба да поминеме, па затоа, платеното стажирање претставува значително олеснување за секој млад човек.

Благодарение на оваа стипендија, добив можност одблиску да се запознаам со адвокатурата како професија, како и со целокупниот правен систем. Моето едногодишно стручно усовршување ќе го остварам во Адвокатското друштво Димитровски во Битола. За нив можам да кажам дека се одличен професионален тим на адвокати, кој срдечно и несебично ме прифати и ми овозможи да учам од најдобрите.
    
Инаку, според Договорот, Адвокатското друштво ја прифаќа стипендистката Христина Тоневска и се обврзува со Договор да ја ангажира како адвокатски приправник стручно да се усовршува во нивната канцеларија, за период од една година и за таа цел, Фондацијата се обврзува на Христина Тоневска да ѝ исплаќа месечна стипендијa.

Покрај тоа, Фондацијата се обврзува на стипендистката Христина Тоневска да ѝ исплати еднократен износ на име на трошоци за упис во Именикот на адвокатски приправници во Адвокатската комора на Република Македонија.

Постдипломката Христина Тоневска е петтиот корисник на стипендијата „Тома Фила“ со која УКЛО им дава дополнителен поттик и мотивација на своите студенти.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование