X
 18.06.2019 Живот

Што имаат заедничко најсреќните земји во светот?

Вистинската среќа секогаш изгледа неостварлива - но, не и за земјите што се најдоа на првите пет места според извештајот за среќа за 2019 година. Извештајот вели дека првите пет најсреќни земји во светот: Финска, Данска, Норвешка, Исланд и Холандија имаат пет заеднички  работи поради кои нивните граѓани се среќни и задоволни.

среќа

Приходи

Повеќе не е секогаш подобро кога станува збор за пари. Луѓето треба да ги прошират своите хоризонти над сумата што ја добиваат како плата. Моќен индикатор за среќа во првите пет земји е еднаквиот пристап до здравствената заштита и образованието - тие се дел од приходот и тие даваат чувство на задоволство.

Долг животен век


Знаењето дека ќе живеете подолго е убаво; во просек, овие пет земји имаат највисок животен век во светот, делумно поради пристапот до здравствената заштита и прогресивните третмани. Секако, постојат и многу докази дека оние кои имаат посреќен живот веројатно ќе живеат подолго, имаат поголема самодоверба и генерално се поспособни да ги задоволат барањата на животот.

Слобода на избор


Способноста да направите сопствен избор во работата, врските и начинот на живеење е од клучно значење за среќата.

Доверба

Дефинирано како доверба на жителите во владата и доверба на едни со други, таа има голема улога во среќата. Владите постигнуваат повисоки резултати ако имаат транспарентен политички процес со малку докази за корупција и обезбедување на лесен пристап до силни социјални програми како здравство, социјална помош и други работи. Довербата кај сограѓаните и имигрантите се искачува како што статистиката на криминалот опаѓа: нискиот ризик од грабежи, напади и вандализам помага во намалувањето на стресот и ги прави луѓето посреќни.

Поставување на правилни приоритети

Истражувањата спроведени во првите пет земји покажуваат дека луѓето им даваат приоритет на образованието, работата, менталната благосостојба и семејниот живот далеку пред работи како личниот статус, приходот и консумеризмот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот