Бјорбодин е единствена лековита бања на северот на Исланд каде што посетителите можат да уживаат во када полна со пиво.
Се разбира, водата не содржи само пиво, туку и ароми и масла од кои се шири свеж и неодолив мирис. Бидејќи пивото содржи високо ниво на витамини од групата Б, овој третман е многу корисен за кожата.
Во кадата се става вкусно пиво од локалната пиварница „Калди“, а се продаваат и хигиенски производи, како сапуни и лосиони кои исто така содржат пиво.
Секој посетител добива приватна бања за двајца, а доколку сакате да уживате во преубав поглед на планина и море, може да се преместите во бања на отворено.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: YouTubeScreenshot/ Iceland with a View