X
 08.12.2022 Живот

Исланд сака да привлече повеќе висококвалификувани странци

Властите во Исланд претставиле повеќе идеи кои треба да привлечат висококвалификувани работници од странство.

Владата на Исланд сака да привлече граѓани од земји кои не се дел од Европската економска област.

Претставени се повеќе мерки, како отворање неформална веб-страница за странци каде што ќе може да се најдат документи и информации за животот во Исланд, како и олеснат пристап за учење исландски јазик и работни дозволи за сопружниците на работниците.

Министeрката за високо образование, наука и иновација на Исланд, Аслог Арна Сигурбјорнсдотир, неодамна организирала работилница на која се дискутирале опциите за подобрување на работните дозволи за странците.

Целта е да се олесни доделувањето работни дозволи на странци кои се квалификувани.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот