X
 04.01.2022 Култура

„Њујорк тајмс“ ја прогласи најдобрата книга во последните 125 години

Списанието за рецензии на книги на американскиот весник „Њујорк тајмс“, „Њујорк тајмс бук ривју“, прослави 125 години работа, а за да се одбележи годишнината, читателите номинирале предлози за најдобра книга што била рецензирана во последните 125 години.

Над 200.000 читатели испратиле одговори, а уредниците составиле листа со 25 најчесто номинирани наслови. На врвот на листата се наоѓа „Да се убие птицата-подбивница“ (англ. To Kill a Mockingbird) од Харпер Ли.


Фото: Pixabay

На второ место се наоѓа „Дружината на прстенот“, првиот том од „Господарот на прстените“ (англ. The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring), на Џ. Р. Р. Толкин, а на трето е „1984“ од Џорџ Орвел.

Следуваат „Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркез и „Љубена“ (англ. Beloved) на Тони Морисон.

Писателите Џон Стајнбек, Ернест Хемингвеј и Вилијам Фокнер добиле најмногу номинации.

Извор: Dnevnik
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура