X
 04.01.2023 Здравје

Дали мажите навистина потешко ја поднесуваат настинката од жените?

Жените честопати ги завршуваат сите обврски дури и кога се настинати, а мажите при првите симптоми не стануваат од кревет. Но, дали мажите навистина потешко ги поднесуваат симптомите на обичната настинка или станува збор за нешто друго?

Докторот за семејна медицина Кајли Су напишал текст во научното списание БМЏ во кој вели дека мажите навистина поинаку ја доживуваат настинката од жените. Меѓутоа, се покажало дека неговата анализа не е сосема верна. Ханс ван Манен, новинар, заклучил дека многу од изјавите во текстот на Су се неточни, а потоа докторот признал дека направил грешки за време на истражувањето.

Освен ова истражување, друго истражување од 2020 година покажало дека жените можеби имаат помалку сериозни симптоми на настинка. Според тоа, се чини дека жените имаат послаб имунолошки одговор на вирусите поради хормонот естрадиол, кој го модулира дејствувањето на имунолошките клетки. Тоа значи дека лицата со повисоко ниво на естрадиол би можеле да имаат поблаги симптоми на настинка.

Друго истражување покажало дека кога станува збор за грипот, мажите почесто се хоспитализирани од жените. Освен тоа, смртните случаи како последица на грип се пониски кај жените отколку кај мажите.

Овие истражувања не се доволно опсежни за да се донесе дефинитивен заклучок, но можеби не е бесмислено да се претпостави дека мажите сепак поинаку ја доживуваат настинката од жените.

Извор: N1 info
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје