Тешка главоболка и мачнина се главните знаци дека сте испиле неколку чаши повеќе, но експертите велат дека тоа може да биде и знак за нешто поопасно за вашето здравје.
Иако мамурлакот треба да се очекува по тешки коктели или пијалаци, лекарите велат дека треба да бидете загрижени ако симптомите се појават по само еден или два пијалаци. Тие велат дека тоа може да биде знак за нетолеранција на алкохол.
- Нетолеранцијата на алкохол е различна од алергијата на алкохол - изјавил алергологот имунолог д-р Џефри Фактор, истакнувајќи дека овој проблем се јавува кај неговите пациенти во „прилична мера“.
- Нетолеранцијата на алкохол е многу почеста од вистинската алергија на алкохол - рвели тој.
Кои се симптомите?
Симптомите на нетолеранција на алкохол се црвенило, исип, влошување на астмата, назална конгестија, гадење, повраќање и низок крвен притисок.
Според клиниката „Мајо“, нетолеранцијата на алкохол, која обично е генетска, се јавува затоа што телото не е во состојба ефикасно да ги разгради токсините присутни во алкохолот. Сепак, други хемикалии, состојки, сулфити, конзерванси и хистамин, исто така, можат да предизвикаат реакција.
- Ова е уште покомплицирано кога зборуваме за коктели, кои можат да се мешаат со сѐ - изјавил Тревор Крег, корпоративен директор во „Микробак лаборатории“.
Нетолеранцијата се разликува од вистинската алергија, каде што имунолошкиот систем предизвикува одговор на алкохолниот пијалак. Нетолеранцијата, всушност, не го вклучува имунолошкиот систем, иако симптомите се многу слични на оние на алергија.
-Значи, не можете да погледнете одредена реакција и да кажете: „О, тоа е дефинитивно алергија наспроти нетолеранција на алкохол - вели Фактор, кој исто така е соработник со Американската академија за алергија, астма и имунологија.
Како да се открие алергија на алкохол?
За жал, не постои испробан и вистински начин да се тестира алергија на алкохол. За разлика од другите алергии, боцкањето нема да даде точни резултати.
Достапни се и други тестови, како тест на крвта, но лекарот може да ги тестира пациентите за алергии на вообичаени состојки во алкохолните пијалаци, како што се квасец, јачмен, млечни производи и друго, што може да се појави на која било возраст. Ако сте алергични на состојките во алкохолните пијалаци, можеби е паметно да ги избегнувате сите пијалаци бидејќи експертите велат дека Управата за храна и лекови не бара алергените да бидат наведени на шишињата со алкохол, за разлика од другите видови храна и пијалаци.
- Ако не знаете што има во вашиот пијалак, а вашата алергија е сериозна, тогаш прескокнете го - советува тој.
Извор: net.hr
Фото: Freepik