X
 04.01.2024 Живот

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември

Според податоците на Управата за јавни приходи обработени на 2 јануари 2024 година, за ноември минатата година прифатени и неплатени конечни пресметки има за 10.921 вработено лице, а неприфатени пресметки има за 9.680 лица. Тоа значи дека околу 20.000 лица не добиле плата за тој месец, истакна на прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според состојбата за последни уплати на 29 декември 2023 година, поднесени, прифатени и платени конечни пресметки има за 60.400 работодавци што се однесуваат на 535.636 вработени лица, додека прифатени и неплатени пресметки има за 4.441 работодавец, односно 10921 вработено лице, а неподнесени и неприфатени пресметки има за 5.534 работодавци кои се однесуваат на 9.680 вработени лица, истакна Лукаревска.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот