Американската автомобилска компанија „Тесла“ ќе продолжи, уште најмалку три месеци, да им ги исплаќа платите на украинските работници што ќе бидат повикани да ја бранат нивната земја, известува Ес-ен-би-си.
Ова било изјавено во писмо до вработените на „Тесла“ во Европа, Блискиот Исток и Африка. Откако ќе поминат првите три месеци, компанијата ќе направи процена на војната и потоа ќе одлучи дали ќе продолжи со исплатата.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повикал сите резервисти да се борат.
Во писмото до вработените, компанијата ги пофалила работниците што ѝ помогнале на компанијата „Спејс-екс“ да воспостави интернет-мрежа во Украина.
„Тесла“ нема претставништво во Украина, но компанијата изјавила дека околу 5.000 сопственици на возило од компанијата во земјата, но и другите возачи на електрични автомобили, може бесплатно да ги полнат автомобилите на полначите на компанијата во Полска, Унгарија и во Словачка.
Извор:
CNBC
Насловна фотографија: Pixabay