Мојата ќерка има речиси 6 години и во последно време се буди сред ноќ, некогаш свесна, а некогаш полусвесна, и се тресе. Вели дека ѝ се повраќа и некогаш навистина повраќа. Понекогаш свесно ми одговара на прашањата, а некогаш не се ни сеќава дека се разбудила и се тресела. Не поминува време пред екраните, а дури и кога гледа, тоа е цртан на ТВ кој е во согласност со нејзината возраст. Сум пробала на многу начини да го средам проблемот со неа, но во последно време почесто се случува и веќе не знам што да преземам.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк