X
 24.06.2022 Живот

Децата спијат во спална со татко им, а јас кај ќе стигнам, немаме никаков ред. Како да постапам?

Мојот постар син сега има 6 години. Тој по природа е многу емотивен и чувствителен, но не е срамежлив и повлечен, напротив, многу е љубопитен и комуникативен. При последното примање на вакцина (кога беше 2,5 години) имавме непријатна сцена. Многу се исплаши од инјекцијата, а по една недела почна да пелтечи. Тоа траеше 7 месеци, но потоа само од себе се изгуби, се повторуваше кога ќе се исплашеше од нешто или кога некој ќе го скараше. Важно е да споделам дека во тие месеци му се роди братче. Самото раѓање на братчето беше стресен период не само затоа што тоа се роди предвреме, во 7. месец, туку и во зима, па цело време бевме затворени дома.

По краткиот престој во болница (2 недели), го донесовме дома бебето. Тоа беше многу мало, но во добра здравствена состојба. Сепак, моравме да воведеме нов ред во секојдневието за да се приспособиме на грижата околу него. Меѓу другото, со две спални во станот во кој живееме, поголемиот син се префрли да спие заедно со татко му во спална (иако претходно си спиеше сам во детска соба во своето креветче веќе година и пол без никаков проблем), додека јас во детската соба спиев со бебето. Едноставно, друго решение за распоред на спиење немаше.

Сега не сака да спие во детската соба, сака со татко му или со мене во спална. Во многу наврати пробуваме да го вратиме да спие на единечен кревет во детската соба, каде што помалиот спие сам во детско креветче. Сега и малиот почна да разбира, па и тој сака да спие со нас во спална, со татко им најчесто. Веќе секаков ред се изгуби. Јас спијам кај ќе стигнам, во дневна, во детска, во спална… Ве молам за совет!

Одговорот од психолог прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот