Мојата ќерка има 4,5 години и е малку повлечена. Оди во градинка веќе 6 месеци, но воспитувачките кажуваат дека и таму е резервирана, ретко се заигрува со некое дете, но е мирна. Последниов месец го смени однесување. Многу лесно им се лути на други деца, се расплакува и многу ѝ влијаат зборовите од другите деца, на пример, ако ѝ речат дека некоја храна не е здрава или дека таа нема облека како нив и слично. Забележувам дека кога ќе ме види, не ми се радува како претходно. Понекогаш е сосема незаинтересирана, а некогаш на двајцата ни вели дека не нѐ сака, дека не ѝ е интересно со нас и да се вратиме на работа. Чувствувам како нешто да не ѝ е погодено, а не можам да дознам што.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк