X
 25.04.2024 Живот

Вулгарни муабети, пцости, викање и навреди кажува дома, а во училиште е културен и мирен. Што да преземеме?

Се работи за нашиот 10-годишен син, кој во последно време покажува агресивно однесување. Имено надвор, во училиште, со другарчињата е едно културно, коректно, дружељубиво и другарски расположено дете, кое за жал сега во овој период, дали е до возраста, одделението и средината, сѐ почесто е сведок на вулгарни разговори (со пцости, за сексуални активности, меѓусебно навредување) што го препишувам на возраста на децата и на тоа што поголемиот број имаат неограничен пристап до социјалните мрежи.
Засега нашето дете нема профили на социјалните мрежи и тоа почнува да ни го префрла. Најмногу ме загрижува што почнува секојдневно вулгарните муабети, пцости и непочитување да ги демонстрира дома на нас, покажува едно непочитување, ни вика, нѐ навредува знаејќи дека ќе нѐ повреди и дека не треба така да се однесува. Се чувствуваме беспомошни и не знаеме како да му помогнеме да се стабилизира. Ова однесување е само дома, како цело ѓубре што го собира надвор да го истура дома врз нас.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот