X
 06.11.2016 Живот

Секој умира, но не секој вистински живее

Prince Ea неодамна го го објави неговото најново видео „Секој умира, но не секој живее („Everybody Dies But Not Everybody Lives“). Како и неговите претходни видеа и ова достигна милионска публика за само неколку дена.

„Не е смртта од која повеќето луѓе се плашат, туку помислата од доаѓањето до крајот на својот живот и сфаќањето дека никогаш вистински не живееле. Те прашувам тебе дали последните твои зборови ќе ти бидат: Ако само имав....“ Тебе ти зборувам разбуди се. Зошто постоиш? Животот не е само работа, чекање да дојдат викендите и плаќање на сметки“.

„Не не знам се. Но знам дека секоја личност на оваа планета има своја дарба. Мартин Лутер Кинг немал сон, туку сонот го имал него. Луѓето не ги избираат своите соништа. Соништата ги избираат нив“.

Prince Ea


„Знаете јас научив еден факт за авионите. Зборував со еден пилот и тој ми призна дека многу од неговите патници мислат дека авионите се опасни во лет. Но тој ми рече многу е поопасно ако авионот остане на земјата. Затоа што авионот тогаш почнува да: рѓосува, се расипива и престанува да работи.

Да тоа има логика, затоа што авионите биле изградени за да живеат во небесните височини. И секоја личност е креирана за да го живее сонот што го има во себе. Кој е твојот сон? Што прави блесок во твоите очи? Дали ќе се бориш? Да ти ќе паднеш многу пати, но кој брои? Само запомни нема такво нешто како мазна планина. Ако сакаш да стигнеш до врвот на планината, ќе мора да поминеш низ стрмни патеки“.

„Телевизиските куќи ѝ кажаа на Опра дека нема талент за телевизија, но таа продолжи да се бори, критичарите и кажале на Бијонсе дека таа не знае да пее, беше во депресија одреден период. Но таа продолжи да се бори“.

„Нас ни е даден овој подарок наречен ЖИВОТ“.

„Па кој пронајдок го имаш во твојата глава? Која идеа. Кој лек? Која вештина ја имаш во себе, која можеш да му ја понудиш на универзумот? Зборот универзум се состои од два збора: UNI, што се преведува „една“ и VERSE што се преведува „песна“. ЕДНА ПЕСНА. Затоа грабнете го микрофонот и бидете храбри“.

Погледнете го целосното видео. 


SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот