X
 04.02.2022 Живот

Од понеделник во Грција вакцинираните без тест

Грција донесе одлука според која ја укинува мерката од 19 декември минатата година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните лица за влез во земјата, јавуваат грчките медиуми.

Министерот за здравство Танос Плеврис денеска изјави дека за оние што имаат валиден европски сертификат, односно оние што се вакцинирани нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Оваа мерка почнува да важи од понеделник, 7 февруари, за оние што имаат активен европски сертификат. Последната одлука на грчката влада, која е од 24 јануари, важи до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или брз антигенски тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот