X
 12.04.2022 Живот

Кризен штаб: Нема маски во затворен простор и нема забрана за екскурзии

Главниот координативен кризен штаб усвои повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести кои ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.


Помеѓу усвоените заклучоци се и укинувањето на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, се вели во денешното соопштение на кризниот штаб.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот