Од овој милениум се очекувало многу, но не и пишаниот збор целосно да биде сменет со слика и телевизија. Иако светските класици останаа задолжителна литература во основните и во средните училишта, на милениумците им се забележува за нискиот степен на култура на читање книги.
На „Амазон“, од почетокот на 21 век па до 2018 година има познати наслови од кои секој од нас сигурно прочитал барем еден. Очекувано, серијалот „Хари Потер“ го зазема местото на најпродавана книга во секоја година кога некое од продолженијата е објавено, со продажба од вкупно 225 милиони примероци низ светот.
Ова се најпродаваните книги во периодот од 2000 до 2009 година:
2000 – „Хари Потер и огнениот пехар“ е четвртиот дел од серијалот, кога Хари се враќа во четврта година студии на „Хогвортс“, каде што се одржува Троволшебничиот турнир, најопасниот турнир за млади волшебници.
2001 – „Кој го здипли моето сирење?“ на Спенсер Џонсон е продадена во над 10 милиони примероци. Ова е прирачник за тоа како да се излезе накрај со предизвиците со кои се среќаваме на работа и во приватниот живот.
2002 – „Од добро до одлично: Зошто некои компании бележат скок, а некои не?“ на Џин Колинс е студија за компаниите од 90-тите години кои со текот на времето успеале да триумфираат. Има и совети за тоа како и лошите компании можат да постигнат успех.
2003 – „Хари Потер и црвениот феникс“ е петтиот дел од серијалот за магичниот свет на Хари Потер, во кој Лорд Волдемор го добива своето тело и е опасен, а повторно воздигнатиот Црвен феникс успева да му го попречи патот.
2004 – „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун стана светски бестселер со над 80 милиони продадени примероци. Продолжение на приказната за професорот Роберт Лангдон кое нè води во Париз, додека писателот се обидува да ја објасни верзијата на постоење на Исус Христос како обичен човек и заговорот на кој се заснова Католичката црква.
2005 – „Хари Потер и полукрвниот принц“ е шестиот дел од серијалот, во кој Дамблдор го подготвува Хари за финална битка со Волдемор, покажувајќи му најмногу информации за неговиот живот како Том Ридл и претскажувањето на иднината што следува.
2006 – И оваа година „Од добро до одлично: Зошто некои компании бележат скок, а некои не?“ на Џим Колинс, повторно се најде на врвот.
2007 – „Хари Потер и моштите на смртта“, седмиот и последен дел на приказната за младиот волшебник, во кој Хари веќе не е на „Хогвортс“, туку на својот пат да ги уништи сите делови на лорд Волдемор.
2008 – „Нова земја“ на Ехарт Тол е спиритуален водич за тоа како да ја пронајдеме нашата вистинска смисла на постоењето и да го направиме нашиот живот подобар, како и светот во кој живееме.
2009 – „Изгубениот симбол“ на Ден Браун зборува за Роберт Лангдон, овој пат испратен во Вашингтон, каде што неговиот ментор е киднапиран, а тој мора да открие каде се наоѓа тајната масонска пирамида во Вашингтон за да го спаси.
Најпродаваните книги од 2010 до 2017 година:
2010 – „Девојчето кое го шутна гнездото на стршенот“ на Стиг Ларсон е последен дел од приказната за Лизбет Саландер, која е во критична состојба, во болница со куршум в глава, се бори за својот живот, а и пред суд за да ја докаже својата невиност и од жртва да прерасне во одмаздник.
2011 – „Стив Џобс“ на Валтер Изачон е книга за еден од најголемите умови што некогаш постоеле, базирана на над 40 интервјуа со Џобс и неговите колеги, семејство и пријатели, спроведени во период од 2 години.
2012 – „50 нијанси сиво“ на авторката Е.Л. Џејмс е прва книга од трилогијата за Анастазија Стил, младата студентка по книжевност, која го запознава успешниот бизнисмен Кристијан Греј и полека се запознава со неговиот мрачен свет. Книгата е продадена во над 100 милиони копии во светот.
2013 – „Пронаоѓач на сили 2.0“ на Том Рат е нова, подобрена верзија на онлајн-задачите што им помагаат на луѓето да ги откријат своите таленти, заедно со стратегии за што подобро искористување на сопствените сили.
2014 – Повторно истата книга на Том Рат.
2015 – „Првите 100 збора“ на Роџер Прдиј е книга со 100 фотографии во боја и 100 едноставни збора за учење и читање за најмладите.
2016 – „Хари Потер и проколнатото дете“ е базирана на приказните за Хари Потер и зборува за неговиот син Албус и односот помеѓу таткото и синот, низ многу неочекувани заплети.
2017 – „Чудо“ на авторката Р.Х. Паласио е приказна за детето родено со фацијални разлики кое почнува да оди во петто одделение во ново училиште.