X
 06.10.2018 Живот

Данска ќе гради остров кај Копенхаген

Данска планира да изгради нов остров близу пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можел да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители. Според Расмунсен, тоа би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

– Копенхаген сè повеќе се развива и се гради како никогаш досега. Тоа е добро, но значи и дека градот наскоро ќе остане без простор, па затоа сакаме да изградиме нов остров - изјави Расмунсен.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Данска.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот