X
 04.04.2016 Образование

Совети за успех кои може да ги научите од децата

Децата не се грижат дали нивните идеи се глупави и нема да се ограничуваат со статистики и проценки. Напротив, тие се подготвени храбро да чекорат кон своите сништа. Кога барате рецепт за успех веројатно се фокусирате на книги, ментори, предавања и слично. Дали некогаш сте помислиле да ги набљудувате децата? Од нив може да се научи многу.

Не гледајте на светот со очи полни со цинизам

Ова е многу тешко бидејќи и самите знаете колку пати некој не верувал во нечија иницијатива. Прашање е колку често го правите тоа самите. Децата имаат тенденција да ги гледаат работите такви какви што се навистина и да ја препознаат нивната вистинска вредност. Тие не дозволуваат негативноста да влијае на нив.

Бидете подготвени да делите

Отидете во било која предучилишна установа или во основно училиште и ќе видите колку деца се подготвени со радост да споделат и да ги кажат своите идеи на останатите. Кога децата имаат некакво искуство, тие со ентузијазам сакаат да го пренесат. Несигурноста е честа причина поради која возрасните не го постигнуваат најдоброто.

Бидете искрени за своите емоции и сочувствувајте со другите и нивните емоции

Прекрасно е кога децата откако ќе научат да ги препознаваат емоциите ги изразуваат истите. Тие не ги потиснуваат, не лажат, не се кријат и не се претставуваат во лажно светло. Исто така, тие не се осудуваат себеси и останатите поради емоциите кои ги имаат.

Не ги ограничувајте своите сништа

Децата никогаш нема да речат дека некоја идеја е глупава и нема да се ограничуваат со статистики и веројатности. Напротив, тие се подготвени храбро да чекорат кон своите сништа.

Имаат незапирлива љубопитност

Тие мали суштества понекогаш знаат да ве излудат со својата љубопитноста. Тие постојано поставуваат прашања и понекогаш ви се чини дека целата нивна егзистенција во сфаќањето на светот и како сè функционира. Љубопитноста може да ни донесе незамисливи резултати.

Бидете спонтани и забавувајте се

Тие се такви и затоа се среќни во секоја ситуација. Одлично би било доколку возрасните би можеле да се забавуваат развивајќи ја креативноста.

Прават и создаваат работи

Оставете го детето со големата кутија или со прекривката. Тоа ќе изгради куќа, ракета, шатор. Дајте им сè што ќе побараат и нека градат. Луѓето се раѓаат со природна потреба да создаваат.

Јадете, вежбајте и спијте

Здравјето и добриот живот се клуч за успех. За жал, како возрасни го забораваме тоа, јадеме работи кои се лоши за нас, не спиеме доволно и поминуваме премногу време пред екранот. Малите деца постојано се активни. Тие јадат мали, но чести оброци и никогаш не прескокнуваат доручек. На крајот на денот заспиваат и ја враќаат потребната енергија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование