X
 11.04.2020 Економија

Зошто ова е добар момент за почнување бизнис, според Марк Кјубан

Американскиот милијардер и инвеститор Марк Кјубан не бил богат која ја почнал својата кариера. Тој успеал да направи нешто од ништо. Според него, во овој момент сите можеме да направиме нешто од ништо.     

Во неодамнешно интервју со инвеститорот Арлан Хамилтон, Кјубан изјавил дека сега е совршеното време за основање бизнис. За пет до десет години сите ќе погледнеме наназад и ќе видиме 30 компании што се основале и ќе се запрашаме зошто не сме се сетиле на тоа, изјавил тој.




Фото: Pixabay

Сега е ужасно време за собирање финансии бидејќи инвеститорите не знаат како ќе изгледа светот за шест месеци, а уште помалку за пет години. Затоа, Кјубан вели дека претприемачите треба да имаат цел да создаваат што повеќе користејќи сопствени ресурси.

Според него, собирањето пари од инвеститори треба да биде последната опција на листата. Инвеститорите не ги даваат парите како донација и во моментот која бизнисот ќе почне да напредува почнуваат и обврските. Згора на тоа, инвеститорите понекогаш не ја гледаат вашата визија за иднината.


Фото: Wikipedia

Кјубан советува да се преземаат мали чекори. Големата предност што ја имаат визионерите сега е тоа што сите се во иста ситуација, што ги прави еднакви, доколку и не подобро поставени за да направат промени.

Автор: Дејмон Браун
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија