X
 04.04.2020 Живот

За сите обожаватели на „Хари Потер“, писателката Џ. К. Роулинг нуди веб-страница полна со изненадувања

За сите обожаватели на „Хари Потер“, авторката Џ. К. Роулинг обезбедува доза магија во ова време на самоизолација.

Веб-страницата harrypotterathome.com има цел да биде центар за сите работи поврзани со „Хари Потер“, вклучувајќи туторијали, квизови, ресурси, ресурси за едукатори и многу други работи.

- За сите родители, наставници и сите што работите со децата, ќе ви биде потребна малку магија да ги држете децата заинтересирани - напиша Ролинг на својот твитер-профил.

Исто така, таа објави отворена лиценца за нејзините книги, олеснувајќи ги вообичаените дозволи за авторски права за да им овозможи на наставниците да се снимаат себеси читајќи која било книга од серијалот и да ги споделуваат видеата со своите ученици.

Како што се наведува на веб-страницата, тоа е само почеток бидејќи Роулинг и нејзиниот тим ветуваат дека ќе продолжат да пронаоѓаат нови начини да внесат магија во вашиот свет во овој период.

Извор: Fast Company
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот