X
 04.04.2022 Образование

Американски универзитет гради студентски дом од 17 ката

Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес е еден од најпопуларните универзитети за студирање во САД. Установата сега може да биде уште попопуларна со оглед на тоа што гради облакодер за сместување на студентите.

Почнувајќи од есенва, универзитетот ќе им гарантира четиригодишно сместување на сите бруцоши и двегодишно сместување на студентите што се на студиски престој. Тоа ќе биде овозможено со зградата со 17 ката наречена „Гејлеј хајтс“, која заедно со две постојни згради ќе нуди 3.125 кревети за студентите.

- Сакаме нашите студенти да знаат дека ако сакаат, имаат дом на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес - изјавил Пит Анџелис, претставник на Универзитетот.

Тој изјавил и дека се работи на изградба на нова зграда за студентите на последипломски студии која ќе има над 300 кревети.

Претходно Универзитетот овозможувал сместување од три години за додипломците и една година за оние на студиски престој. Во моментов Универзитетот сместува 14.500 додипломци на кампусот и 6.000 студенти во станови надвор од кампусот.

Извор: UCLA
Насловна фотографија: Џеси Херинг/UCLA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование