X
 28.03.2020 Образование

Универзитетот во Њујорк планира да дозволи предвреме да дипломираат студентите по медицина

Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк во средата објави дека ќе им дозволи на студентите од последната година на студии да дипломираат порано од предвидениот термин за да помогнат во борбата против коронавирусот.

Факултетот „Гросмен“ изјави дека го дозволува предвременото дипломирање за да одговори на зголеменото ширење на коронавирусот и на барањето од гувернерот Куомо да се вработат повеќе здравствени работници во побрз рок. Претставник на факултетот изјавил во средата дека 69 од 122 студенти во последната година од студирањето волонтирале за да дипломираат предвреме и да почнат со пракса во болниците низ Њујорк што имаат соработка со универзитетот.


Фото: Pixabay

Сепак, одлуката на факултетот мора да биде одобрена од министерството за образование на сојузната држава Њујорк, како и од други образовни органи. Се очекува одобрување на планот со надеж дека студентите ќе почнат со праксата на почетокот од април.


Фото: Pixabay

Во моментов, во државата се потребни лекари кои ќе се грижат за заболените од Ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот. Претходно само во Втората светска војна од студентите се побарало да почнат со практична работа предвреме.

Автор: Џоу Хајм
Извор: washingtonpost.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование