Доколку ве нервираат одредени звуци како гласно јадење, веројатно имате мизофонија. Минатата година научниците конечно ја открија клучната мозочна врска што е одговорна за оваа појава. Врската е помеѓу центарот за слух во мозокот и делот одговорен за движењето на лицето, устата и грлото.
Ова има смисла бидејќи повеќето звуци што предизвикуваат мизофонија го вклучуваат лицето, како џвакање или дишење. Врз основа на заклучоците, научниците претпоставуваат дека во мозокот на луѓето со мизофонија се стимулира истиот дел кој всушност го предизвикува звукот кај другото лице.
Ова е абнормален начин на комуникација помеѓу аудитивниот и моторниот дел од мозокот, според истражувачите од Универзитетот „Њукасл“ во Обединетото Кралство. Тие откриле и дека мизофонијата може да биде поттикната од нешто визуелно бидејќи била откриена слична врска помеѓу визуелниот и моторниот дел од мозокот.
Фото: Freepik
Оваа комуникација активира нешто што се нарекува „систем на огледало“, што ни помага да ги процесираме движењата на другите со активирање на нашиот мозок на сличен начин. Според истражувачите, мизофонијата е толку непријатна бидејќи се чувствува како упад во мозокот кога се случува пресликувањето на туѓите активности во мозокот.
Истражувачите анализирале податоци од 75 лица со и без мизофонија. Се смета дека до 20 отсто од луѓето живеат со некаков облик на мизофонија.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Freepik