Научниците открија врска меѓу депресијата и структурата на белата маса во мозокот, конкретно, региите што се одговорни за поврзување на сивата маса и со чија помош нашите емоции и мисли се соодветно процесирани.
Овие пронајдоци може да послужат за изнаоѓање нови начини на третирање на депресијата, ако се докаже како промените влијаат врз расположението и анксиозноста.
Истражувачите од Универзитетот во Единбург анализирале податоци од 3.461 возрасен и се докажало дека луѓето со депресија имаат промени во поврзувањата на белата маса од нивниот мозок. За да се утврди ова, била користена техника која се прави со помош на магнетна резонанција и таа на научниците им овозможила начин на моделирање на поврзувањата во мозокот што е најдетален од сите досега се направени.
Скенирањата докажале дека квалитетот на белата маса е намален кај оние со симптоми на депресија, додека кај другите изгледал нормално. Оваа студија би можела да служи како основа за предвидување ризик од депресија или за разбирање на тоа како квалитетот на белата маса може да се заштити.
Според Светската здравствена организација, повеќе од 300 милиони луѓе во светот се борат со депресија, и тоа од сите возрасти. Научниците имаат постигнато напредок во разбирањето на врската меѓу депресијата и нервите во мозокот, а оваа студија е една од многуте што придонесуваат во таа насока.
„Постои итна потреба да се обезбеди третман за
депресија и подобреното разбирање на нејзините механизми ќе ни даде подобра шанса за развивање нов и поефективен метод за третман,“, вели Хитер Вејли, еден од авторите на студијата.