Некои видови физичко вежбање може да се поефективни од другите во подобрувањето на работата на мозокот, покажува ново истражување спроведено на стаорци.
Научниците ги споредиле невролошките ефекти на повеќе различни видови вежбање: трчање, вежбање со тегови и интензивно вежбање во интервали. Изненадувачките резултати покажуваат дека тешкото вежбање можеби не е најдобра опција, барем кога станува збор за здравјето на мозокот.
Вежбањето ја менува структурата и функцијата на мозокот. Истражувањата спроведени на животни и луѓе покажале дека физичката активност генерално го зголемува мозокот и може да го намали бројот на дупки кои се појавуваат со староста. Вежбањето може да предизвика и создавање нови мозочни клетки во возрасен мозок.
Во
истражување на стаорци, вежбањето во облик на трчање се покажало како клучен елемент за удвојување на бројот на нови неврони кои се појавиле во делот од мозокот за учење и помнење. Научниците веруваат дека вежбањето има слични ефекти на човекот.
Сè уште не е јасно зошто токму трчањето предизвикува создавање нови нервни клетки покрај другите видови физичка активност, но научниците шпекулираат дека трчањето го стимулира лачењето на супстанца во мозокот која е одговорна за регулација на создавањето нови нервни клетки.
Од друга страна, вежбањето со тежина, кое било екстремно здраво за мускулите, имало мал ефект на мозокот. Интензивното вежбање во интервали, пак, се покажало како постресно, што предизвикувало намалување во бројот на нови нервни клетки.