X
 04.05.2023 Наука

Кинески ровер откри доказ за течна вода на Марс

Истражувачи тврдат дека роверот „Џуронг“ испратен од Кинеската вселенска станица на Марс открил доказ за течна вода на планетата. Се тврди дека вода во течна состојба може да се наоѓа на место каде што температурата е релативно топла и посоодветна за живот.

Досега научниците веруваа дека на Марс може да постои вода само во цврста или во гасовита состојба бидејќи климатските промени ги исушиле сите водни резерви на планетата. Откритието на Кинеската вселенска агенција покажува дека има шанса за претходен живот на Марс или региони на кои би можело да има живот во иднина.

Претходно беше откриен доказ за замрзната вода на Марс, а атмосферата на планетата прави да е речиси невозможно постоењето на течна вода.

Податоците од кинескиот ровер покажуваат дека површината на Марс е богата со сулфати и силициум диоксид, како и оксидни минерали. Според истражувачите, оваа сол овозможува топење на мразот на одредена температура.

Сепак, истражувачите посочија дека нивните мерења ја потврдиле теоријата за постоење на течна вода на одредени места поради остатоци од соли, но на местото не била откриена замрзната вода.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука