- Единствениот начин да се ослободам од моите стравови е за нив да снимам филмови - изјави во една пригода легендарниот Алфред Хичкок, мајстор за психо-трилери и еден од најголемите режисери на сите времиња.
Приватно се чинело дека бил чуден и непредвидлив исто како и неговите филмови. Имал многу фобии што ги влечел од детството, бил чуден, понекогаш суров, за некого гениј, за некого лудак и ѓубре од човек. Во една пригода рекол дека му завидува на Волт Дизни, кој своите главни јунаци може да ги кине. Неговиот цитат дека никогаш не рекол дека актерите се стока, туку треба да се третираат како стока, остана забележан како еден од најлошите упатени кон холивудските ѕвезди.
Бил опсесивно поврзан со русокоси кои ги глумеле главните улоги во неговите филмови, а за да го извлече максимумот од нив, имал обичај да се служи со морбидни трикови - на Џенет Ли, која играла во филмот „Психо“, наводно во кадата ѝ ставил змија за таа поубедливо да вреска во филмот, на Типи Хедерн, ѕвезда од „Птица“, ѝ приредил вистински напад од птиците во текот на снимањето...
Неговите изјави, кои и ден-денес се кажуваат, ја оправдуваат неговата репутација, а главно се однесуваат на неговите најголеми фасцинации - стравовите, жените и филмовите. Ви пренесуваме некои од најпознатите.
- Секогаш погрижи се публиката да пати што е можно повеќе.
- Филм, тоа е живот од кој се исклучени сите досегашни моменти.
- Јас сум филантроп: на луѓето им го овозможувам тоа што тие го сакаат. Луѓето сакаат да почувствуваат ужас и страв.
- Во љубовта искуството не значи ништо. Всушност, кога собираме толку искуство за да можеме да бидеме совршени љубовници, тогаш сме премногу стари за да можеме да го искористиме искуството.
- Љубовта е партија карти во која сите мамат. Мажите за да добијат, а жените за да не изгубат.
- Човек не може да живее само од убиства. Потребни му се внимание, одобрување, поддршка и повремено оброк.
- Се плашам од јајца, бели, кружни без дупки. Дали некогаш сте виделе нешто погадно од кршење на лушпите од јајцето и течењето на неговата жолта течност?
- Должината на филмот треба да биде директно поврзана со издржливоста на
човечкиот мочен меур.