Почина пејачот и ТВ-водител Драган Вучиќ (65) од компликации со коронавирусот, а претходно подолго време се соочувал со хронично заболување. Вучиќ се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а имал проблеми со дијабетес подолго време. Веста за неговата смрт за некои медиуми ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година. Беше пејач, автор на популарни поп-песни, „Свирете ја Зајди, зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“. Со децении Вучиќ беше автор и водител на популарни квизови и ТВ-емисии, по што најмногу го познаваше публиката.
Актерот Драган Спасов-Дац на својот фејсбук-профил за него напиша:
Го сретнав, не знам каде...
Му реков:
-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
- Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.
Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав.
Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот."Повели" ми рече со насмевка.
Е, таков човек беше Драган Вучиќ.
Почивај во мир!
Го сретнав, не знам каде...
Му реков:
-Тој сутлијашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
- Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.
Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав.
Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот. „Повели“, ми рече со насмевка.