X
 13.05.2021 Здравје

Во регионот пристигнуваат тестови за ковид-19 преку плунка

Хрватска се подготвува за отворање на туристичката сезона, а најавени нови брзи тестови за коронавирус за самостојно тестирање ќе го олеснат процесот.

РТЛ известува дека брзите тестови за самотестирање преку плунка треба да стигнат во Хрватска за десетина дена. Овие тестови се одобрени на ниво на Европската Унија, а станува збор за медицински производи кои се наменети за самостојно користење од страна на лица што не работат во здравството, изјавила Маја Башиќ, портпарол на хрватската агенција за лекови и медицински производи ХАЛМЕД.

Тестот ќе може да се купи во аптеките и во други специјализирани продавници за помалку од 100 куни.

Во Хрватска се очекува попуштање на мерките за ограничено движење и воведување ковид-пасоши од почетокот на јуни.

Домашни тестови за самотестирање за коронавирус преку плунка има и во Босна и Херцеговина, а се појавија и во Србија. 

Извори: index.hr | rtl.hr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје