X
 12.03.2020 Здравје

Во Кина се намалува бројот на заразени со коронавирус

Кина го помина најлошото кога станува збор за ширењето на коронавирусот, изјави Ми Фенг, претставник на кинеската здравствена комисија. Бројот на нови случаи се намалува, а епидемијата останува на ниско ниво.

Во средата во провинцијата Хубеи биле потврдени осум нови случаи, а сите заразени биле од градот Вухан. Ова е првпат како Вухан забележува помалку од 10 заразени случаи. Надвор од Вухан градовите во провинцијата Хубеи не потврдиле нови случаи во последните седум дена. На територија на Кина, освен во Хубеи, биле потврдени седум нови случаи, од кои шест биле на лица што пристигнале во земјата.


Фото: Pixabay

Во средата биле потврдени 15 нови случаи во цела Кина, додека во вторникот биле потврдени 24 нови случаи. Со тоа, целосниот број на потврдени случаи во Кина изнесува 80.793, од кои 14.831 пациент се заболени во моментов.

Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи ширењето на вирусот за пандемија. На прес-конференција Фенг повторил дека Кина е подготвена да соработува со земјите погодени од вирусот.


Фото: Pixabay

Кина ги презеде најстрогите и најдеталните мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот. Со тоа им помогна на другите земји да се подготват за контрола на епидемијата.

Извор: chinaplus.cri.cn 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје